долго (прил.) - остане (гл.)

Тој легна, но долго остана буден во темницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не знаеше колку долго остана таму; во секој случај неколку часа; без часовник и без дневна светлина му беше тешко да го мери времето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Послушно клекнаа и седнаа на местото каде што стоеја и вкочанети од недоумение долго останаа така.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се обидував да мислам на Игбал и само на Игбал, ама не ми поаѓаше од рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште долго останав сама во собата, загледана во празно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден силен писок, што искрсна веднаш тука, крај него, затрепери по сета ноќ и долго остана исправен и остар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија долго остана без зборови Понекогаш очите гледаат поинаку... злато, така да знаеш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако пред некој ден бев таму, одново ме обзеде возбуда и долго останав простум загледан во тој прекрасен и незаборавен пејсаж од кој тешко откинувам очи и чувствувам неизмерна тага.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго останавме на угорнинката. Стоиме онемени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жената уште долго остана да стои како скаменета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако стоеше таму, во паркот, имав чувство дека стои на работ од некаква бездна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)