Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Долго молчеа додека пак, Србин рече: - Не сме ние со таа среќа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Седеше и молчеше. Долго молчеше. Знаев и што сака да ми каже и затоа му беше тешко.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Долго молчевме. Јас седев како здрвен, а тој стануваше и седнуваше, неколкупати го правеше тоа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Долго молчеше пред да ми одговори.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Порано, кога и го бев открил на мајка ми моево умеење да дружам со луѓето за кои размислувам, таа само се изнасмеа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој долго молчи. Потоа се врти кон неа: „Многу инвестирав во ова место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ама замолкна и долго молчеше, сркајќи ја попарата со чај и препечен леб што баба ми му ја принесе.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Долго молчевме. Потоа јас реков: - А Ниривина, што стана со неа?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Потем двајцата молчеа. Долго молчеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)