Попусто беше да го молам, тој докрај ќе се смее, цел еден век ќе се смее.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ме обвинуваа дури дека во една книга сум се застапувал за меѓународниот јазик Есперанто (на земјата беше обратно) со што наводно сум сакал да го спречам процесот на еволуирање на природните јазици на Балканот, за што дури сум објавил и книга на француски јазик за конечната превласт на природните над вештачките јазици, што дури можело да придонесе да добијам ослободителна пресуда...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Повеќе не знам, - воздивна мајка му. - Да беше жива баба ти докрај ќе ти ја кажеше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И, дали докрај ќе ми веруваат и ќе ми го земат тоа како олеснителна околност пред донесувањето на конечната пресуда, ако им говорам за универзалното искуство на ,другите многу пославни, ,предавници кои го ,изневериле мајчиниот јазик, пишувајќи на јазикот на другите, каков што беше, на пример, Бекет, кој пишуваше на француски, покрај мајчиниот англиски јазик, или Романецот Емил Сиоран, кој пишуваше на француски, македонскиот поет Григор Прличев кој пишуваше на грчки, или мојот голем сонародник Јероним де Рада кој пишуваше и на италијански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)