Ние, да, јас бев сигурен дека тоа ние, тоа сознание за взаемноста сплотена во три букви, во миговите додека го чекавме отворањето на судскиот процес, за мене и за Ема не мораше ништо да значи, и не значеше, оти тоа беше изум на иследителите, но исто така бев сигурен дека во тоа наше ние, за кое никогаш не бевме докрај свесни, а го живеевме, сега, додека секој миг на исчекувањето во судницата безмилосно не раскинуваше, ние бевме изделени од самите себе и не се препознававме во некој важен дел од нас, оти бевме најдалеку од можноста за рационално растајнување за себе и пред самите себе за учеството во него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Татко добро знаеше дека заминувањето од родната земја, за првата генерација, е видливо жртвување, втората генерација веќе не е докрај свесна за жртвувањето, додека третата е, конечно и неповратно жртвувана.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)