Бидејќи јас, во договор со адвокатот, бев решен да не скријам ништо од тоа, немав намера да ја осудувам за истата постапка Ема, доколку таа решила да го прави тоа, но сепак, попусто обидувајќи се, без јасно сознание зошто тогаш имав потреба да ја следам бледата неонска светлина што се шеташе по масата и по папката со материјали од досието “НиЕ”, се прашував: од каде таа решеност двајцата да бидеме докрај отворени, која е целта на таа наша согласност, ако е точна мојата претпоставка за таквата согласност, и: во чиј интерес е сето тоа?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Мораме да бидеме докрај отворени со нив. – Кое минато, жити бога, сакаш да им го довериш на децата?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)