Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
ОПШТЕСТВЕНИ И МОРАЛНИ ОГРАНИЧУВАЊА Ваквиот исход не е задолжителен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овде можеме да го повикаме познатото Лаканово преобраќање на фразата на Достоевски - Ако Бог не постои, тогаш сè е дозволено во: ако Бог не постои, тогаш веќе ништо не е допуштено.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уживањето на кокаин било дозволено во 19, како и во почетокот на 20 век, а не постојат докази дека тоа предизвикало некаква криза.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)