доволно (прил.) - не (чест.)

А.А., веројатно откако утврди дека во нас доволно не се впиле ударните пораки на Атеистичкиот музеј како што очекуваше, сметаше дека беше дојден вистинскиот момент и тој да стапи на сцена со своите аргументи од втор степен на влијание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Извињајус“, ќе додадеше сосема тихо и смирено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
(Еден од офицерите кои останале со нив им раскажувал за тој чудак од старите времиња, кој ни своето сопствено море доволно не си го познавал).
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар тоа доволно не објаснува од каде сум“, ќе соопштеше со некој нагласен патос уметникот - Генерал, и наеднаш ќе се сепнеше и самиот изненаден од големината на зборовите што ги изрекол, па затоа и ќе се насмееше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)