доволно (прил.) - гласно (прил.)

- Овие автобуси... – промрморува, доволно гласно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога свртевме на Гринвич Авенијата, каде неколку жигола стоеја потпрени на ѕидот, ја видовме оваа плавуша како ја фрла главата наназад и вели, доволно гласно за овие педери на глуварење да ја чујат: „Ох, погледни ги само тие Green Witches!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Стариот го припушти на неколку чекори, правејќи се како воопшто да не го сетил, ами како да го гледа сега крувчето, и рече божем за себе, но доволно гласно да го чуе Пискулиев: - Бре што беше оваа рака! Како да го закла дрвцето, сироткото!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првите промени се однесуваа на општиот впечаток што го оддаваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште ти ми фалиш! - но не го рече ова доволно гласно за да го разбуди тетин Јован.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)