доволно (прил.) - се (зам.)

Климент Камилски, откако забележа дека момчето доволно се оддалечило и не може да го слушне, подавајќи ја главата од прозорецот на чардакот извика: Комунистички мангупи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште позакржлавени во сенката на своето прогонство, доволно се мали за да летаат со помош на пловечки кожинки кои во вид на крилја се распнати меѓу долгите, ’рбетовидни прсти, налик на букет опашки, и така сите тие создаваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повторно во врска со признавањето на својот патент- систем, најдобриот, најхерметичниот, за секаков вид пумпи за точаци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куртиал де Перер, да забележиме, се разликуваше апсолутно од останатите ситни пронаоѓачи...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас ќе ти најдам работа! Доволно се грижам за тоа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Марсовец ли е Сврдле? „Не. Тој е ...па, можеби е од Јупитер или од Сатурн или можеби од Венера. Како и да е, доволно се изнамачил.“ „Е, можам да си замислам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Митот за убаво пишување е дел од буржуаската одбрана.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали се внимавало на тоа? Дали доволно се внимавало на тоа? Мислам дека не.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)