Ако сум добро расположена знам да бидам прекрасна, меѓутоа, доколку сум тажна, лута или по малку депресивна, мојата убавина исчезнува.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А, јас, кога сум добро расположена и ако сме во пријателски односи, баш сум му добра сестра. Или поточно- најдобра.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Си мислев така и многу се разжалостив што е далеку од мене.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Стариот писател се насмеа. Беше навистина добро расположен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сите беа добро расположени, освен Лета. Изгледаше отсутна и замислена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Колку и да се трудеше да се вклучи во општото расположение, слабо ѝ успеваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)