добро (прил.) - ти (зам.)

- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Што брзаш, бре? Па добро ти рече: чекај, па кога ќе дојде, тогаш ќе видиш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ех, Кољо, Кољо... добро ти вели Јани - рече Аргир, штом така е речено таму високо, тогаш нема „та...“.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЈАКОВ: Сега ти текна? Родителите те држеа врзана цел живот, не се бунеше, мислеше така треба, мислеше добро ти е.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Зборувај за себе. МИРА: А ти молчи за себе. Добро ти е во туѓ стан, со туѓи пари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Остани ми со здравје. - Сѐ добро ти пожелувам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)