Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
— Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? — почна Толе половина на шега, половина навистина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море добре дојде побратиме, каде вака со Митра?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Повели, бег, повели, седни, добре дошол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добре дојде во куќава, — го поздрави Адем, седнувајќи на другиот миндерлак спроти него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој подаде глава и кога ја виде регистерската табла, смирено рече на македонски: - Добре дојдовте. Повелете. Влезете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Здраво, како сте? – на македонски праша еден од мажите. – Добре дојдовте. И вие сте од Руља?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И спротивно на грчкиот, албанскиот полицаец нѐ пречека со насмевнато добре дојдовте изречено на наш јазик.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
АНТИЦА: Е, добре дојде сега (Ја дочекува и и ја бакнува раката).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Од кралската палата глас се слушна Кралот старицата силно ја гушна Добре дојде мајко стара Малиот принц тебе ми те бара.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
ОСАМЕНИК Исполнет со солзи и чемер посакај ñ добре дојде на осаменоста...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Нема што да се прави, младичу“, милостиво и очигледно радувајќи му се на новиот забележа генералот, „Треба да се утешиме!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Добре дојдовте во нашата, така да речам, долина Јосафатова.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Го навечерале со најубаи манџи, како секој гостин најмил.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
БРАТ БРАТА НЕ РАНИТ, ТЕШКО МУ КОЈ ГО НЕМАТ Двата браќа
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се исполнила куќата со селани, поеќе стари, и секој му велел: - Добре дошол, Аџи Силјане, добре дошол, Аџи Силјане!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Оо, добре дојде, тетка мецо, добре дојде, како стори вака што дојде у мене? - му рекла лиса.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ооо, аџи, добре дојде, аџи, море што вака, аџи - побрго дојде одошто ојде? - му рекле сите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Море, не велате ми аџија, бре селани - им рекол Силјан - оти не би к'смет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи - се удаи в море.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Секому радос му дошло оти Аџи Силјан си дошол и отрчал да го види и добре дојде да му речи.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се натрчаа сите и добре дошол беше му рекле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа јале и пиле, влегла царицата за да почестит гостите и да му речит добре дошле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еднуш на еден сфе - ден, коа си дошол ф' село, го стретиле некои од селаните, шчо им завидуале и сакале да 'и расипаат и му рекле: „Али не си син на татка ти?“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Крај царицата дошла со неа и ќерка је да 'и видит гостите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Добре дојде, ми вели Левтерија. - Добре најдов, ѝ велам. Така мене, така и на Витомира му вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
КОСТАДИН: Добре дојде... Како ти оди работата?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Ех, Симке! Од јагне си покротка, само од волк си родена! {Се слуша кашлање).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СИМКА: Татко, добре дојде!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ќе помине. Нека го одведе Рајна кај Матковица. Таа се разбира во тие работи.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ако дојде, нека дојде. Добре дошол.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Е, време им е... Добро е кој ги има...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
БОЖАНА: (Уште еднаш). Е, па добре дојде, свату!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
БОЖАНА: (Го пречекува уште на прагот). Добре дојде, свату!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Е па, добре дојде, Божано! (Се ракуваат).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СИМКА: Не слуша. Добре дојде, тетко!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
БОЖАНА: Една е Матковица. Домаќинот ѝ умре на печалба. Седи до Бушева чешма.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЈОРДАН: Сполај му на бога, добра е. Само, Стојче, ајдамакот ниеден, си ја шина ногата. Везден плаче. (Симка внесува кафиња).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
И кога дојдоа сега пред конакот каде што ги дочекаа со „добре дојде", наеднаш едниот го праша Златета протуѓерот: — Каде бидат конакот наш, бре протуѓер?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Mope доброутро, Крчо, море добре дојде, море како си, шо правиш, шо чиниш?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Трпезницата веќе е поставена и сега нека идат гостите, нека добре дојдат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко се прибра горни крај и му направи „добре дојде" на дедот Петка, па некако срамежливо, небарем сега е ергенче од седумнаесет години, и рече и ма Доста: — Е, добре дојде Досто и ти Сега си гостинка, a одутре ќе бидеш домаќинка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра ѝ притрча и ја дочека: — Бре, добре дојде, невесто Досто. — Бре, добре најду, сестрице Митро. И се избакнаа тука среде двор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Седни, Петко, добре дошол, што правите по Витолишча, шо чините?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се исполнила куќата од селани, повеќе стари, и секој му велел: „Добре дошол, Аџи Силјане, добре дошол Аџи Силјане.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Секому радост му дошло оти Аџи Силјан си дошол и отрчал да го види и добре дојде да му рече.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Добре дојдовте во Виена“, пишуваше со жолти букви на зелените теписчиња на влезот од аеродромската згради.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Оној е Украинец. Има козачки мустаќи – русокосиот, жилав и нервозен тип беше слика на правнукот на Тарас Буљба во сив, старомоден костум.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Да му речам добре дојде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)