до (прил.) - пред (предл.)

Ме болеше празнината во која до пред миг лежеше срцето мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговата волја сепак, се почитува. Постои извесен респект кај иследниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја поткрева главата, ја нема Чана, брлогот уште е топол како што кажуваат дланкиве, а овде, каде до пред малку беше тој - студено бетер од грутка мраз!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)