длабоко (прил.) - спие (гл.)

Нејзините деца длабоко спијат зад неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се менуваа групите, се носеа лисја од сите страни, додека градот длабоко спиеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Добра не го слуша, длабоко спие, а спие и Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако тој зборува а никое од дечињава не му го слуша гласот, тогаш сигурно длабоко спијам и сонувам па можам и јас некој лаф да му плеснам и сигурно никој нема да ме слушне и ја отчепува и таа својата уста.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)