Така ние го изгубивме нашиот даровит другар Моне Хенџов-Даров, кој длабоко веруваше во приказната што ја измисли, која можеби и денес со занес ја прераскажува во сјајнита одаи на неговата царска палата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)