Кид и Св.Витус можат да бидат симпатични мајтапчии, но и зли техно-силеџии. На една од нашите средби неколкупати го спомнуваа бројот на мојата кредитна карта и дофрлаа некои податоци во врска со моите родители. Ми нудат „целонеделен тест“ со кој директно ќе искусам како можат некому животот да му го претворат во пекол. Велам дека и без тоа им верувам.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во блиска иднина холограмот директно ќе можеме да го приклучиме на компјутер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сите филмови без цензура и монтажа директно ќе влегуваат во конкуренција за најдобар во маало, во месна заедница, а најдобрите што ќе испливаат на површина како награда ќе добијат пофалница со повратница во спална, и гратис абортус, ако е трети во тековната година.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)