Црнечкиот геј-уметник се осврнува и на еротиката на ропството и на еротиката на аболиционизмот, со која ја истакнува суптилната порнографија што е имплицитна во пропагандистичката противробосопственичка уметност на аболиционизмот, а посегнува по естетиката на машката геј-култура поради нејзиното камп-осликување на општествената, на институционалната и на расната доминација.172 Во овој впечатлив и оригинален настран филм, како и во многу машки геј-реакции на ХИВ/сидата, ништо не е свето.173
За да ја посочам точната природа на културното дело изведено со ова настојчиво и упорно нарушување на жанровските граници – што е престапничка практика карактеристична за машката геј-култура, која изгледа решена да нѐ научи да се смееме на ситуации што се ужасни и трагични – детално ќе го испитувам машкиот геј-прием, присвојување и настранување на еден класичен артефакт од американската популарна култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)