- Драги ученици! - започна да објасува директорот. - Денеска е родениот ден на султанот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Денеска е последниот ден од мојот досегашен живот. Денеска имам неполни дваесет и една година.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
ПАНДЕ: Што ќе купи, дуќаните затворени. Ти заборави дека денеска е недела?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Си ја пушта брадата свети Никола, вели Оливера Поточка, денеска е Свети Никола зимен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во ноќ каква што е оваа Во ноќ каква што е овдешнава Денешнава ноќ ви велам е посебна по сенката што зад себе ја остава простава моја силуета На мост што дава перспектива погрешна Мојата кауза денеска е света!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Денеска е Голема Богородица па рековме кај неа да појдеме!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тато, правејќи се дека не го забележал, рече: - Ах, оваа супа денеска е многу жешка! - Не е, - рече Зоки.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Денеска е недела. - Ако де. И онака не верувам во хороскоп.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)