денес (прил.) - веќе (прил.)

А без неа, би рекол, денес веќе не може да се постави или поттикне ниту едно етичко- политичко прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден писар (EP, стр 87) О Самас, (бог на Сонцето), со твојата светлина ги истражуваш сите земји како да се знаци од клинестото писмо. (ibid.)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа епизода, имено, не го предизвикува само разгорувањето на националните страсти туку и, со денес веќе заборавените длабочина и острина, го оживува спорот меѓу нацијата сфатена како гениј и нацијата сфатена како плод на договор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што е тоа вистински поет, се прашува хуманистот conte e cavaliere di Gran Croce don Emanuele Tesauro (1591-1667.) во своето, денес веќе заборавено, монументално дело, со за тоа време мошне прецизниот наслов: Аристотеловскиот двоглед или идејата за остроумно пишување... објаснето според принципите на божествениот Аристотел (објавено во Џенова 1654; до 1682 осум изданија).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неуромансер (Neuromancer), што е денес веќе класика на SF жанрот и свет грал на новата, хакерска субкултура, конечно ги воведе новите поими (се појавуваат веќе во кусите приказни), како што се matrix, cyberspace, ICE, neuromancer, console cowboy, jack, wizard и многу други што се денес основа на новиот хакерски сленг.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сето тоа беше голема претстава и денес веќе не може да се повтори бидејќи војната на ова подрачје и војната во Чеченија се долги и конфликтите не можат да се збутаат во директен пренос.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако денес веќе не ви требам, Љуба Ивановна, јас ќе си одам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа се однесува и на Интернет, кој постои на универзитетите (иако настана во американските воени лаборатории), но таа мрежа се шири и денес веќе има многумина источноевропјани со e-mail адреси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Лага е да сме Болгари, и Срби да сме, лага е, Македонци сме, народ сме, а денес веќе нација...
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тоа накитено суштество и светот што постои денес веќе не ме возбудуваат и претставуваат минато.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред три години не би се осмелиле да му се вратат на дилерот и да се побунат ако таблетата е лоша.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислам дека денес веќе го прават тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И филмот, како и драмата, започнува со сцена во која Марта, ликот што го игра Елизабет Тејлор, прави своја пијана изведба на Бети Дејвис и ја изговара нејзината денес веќе класична реплика, попусто тормозејќи си го сопругот да се сети како се вика непознатиот филм во кој прва ја изговорила и се обидува, не многу успешно, да се сети на сижето на филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Меѓутоа тоа не го смалува значењето на Кејџовиот пронајдок кој генерации млади композитори и следбениции ќе го усовршуваат и ќе создадат денес веќе обемна литература за овој инструмент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Те молам, мамо, не плачи. Не можам да си простам. Толку големи грижи ви сторив. И трошоци.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера бевме многу исплашени, а денес веќе сме подобро...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автото е расчукано. Што ми требаше да се здружам со Џеронимо?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вам сонот и не Ви беше зададен за да го сонувате, бидејќи денес веќе никој не умее да го прави тоа, туку за да го запамтите добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
4. Првата следна среда треба да отидете во градината на кафеаната која е најблизу до соборната црква во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, во градината на кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)