денес (прил.) - во (предл.)

Можеби разликите се крија во тоа што: во тоа време на натпреварите за освојување, се постигнувале со војни, а денес во новиот милениум, со нагласување, истакнување на мирољубливоста. ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
8. Мејл-артот денес во светот претставува еден силен аспект на меѓународната култура, сè уште „непотрошен“ во социјалните и политички импликации, наспроти тенденциите да биде игнориран (на ниво на институции, барем во Европа) или прогонуван (во земјите со диктаторски режими).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но, султанот имал само три официјални жени па и денес во „Долма Бахче“ можат да се видат три посебни соби каде што живееле овие жени на падишасите...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа денес во Розино и машко и женско, и мало и големо, и ученици, и деца и старци, сѐ што е работоспособно - со кошнички в раце по градините берат ружи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес во Бугарија се излеваат околу 3 милијарди кубици загадена вода, која не е за повторна употреба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде, за јадење можеше да се купи речиси сѐ што денес во светот се произведува за исхрана на човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дотолку, да се биде интелектуалец денес во Хрватска значи на некој начин да се биде незаконско дете на таа традиција и на таквите хрватски прилики.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа Барикади(те) не се подигнуваат skata politika i kultura, e според некој однапред зададен идеолошки izraz na istoriska nezrelost i simptom na konstituciska план, ниту пак а приори ги признаваат веќе slabost na makedonskoto воспоставените демаркации: ние-тие во етничка op{testvo. смисла, власт-опозиција, тоталитаристи- Ve}e ne postoi edna edin­ демократи, југоносталгичари-националисти, stvena funda­mentalna левичари-десничари, фини граѓани-Херцеговци, protivre~nost koja vo sebe gi нормални-луди, културни-примитивни, sosredoto~uva site op{tes­ западњаци-балканци, политика-култура итн. tveni sprotiv­nosti. Kako Овие антагонизми, околу кои денес во Хрватска {to ve}e ne postoi ni edin­ толку наивно се структуира еден квазиполитички stven politi~ki prostor дискурс, Барикади ги прикажуваат во нивната vnatre koj e mo`no da se postigne razre{uvawe na конформистичка функција, како лага којашто sprotiv­nostite. општеството ја произведува поради самото себе за да не мора да се соочи со сопствената стварност, со одговорноста за таа стварност и нужноста од коренити промени.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мојот пријател, амбасадорот од Скопје го гледам и денес во меѓународните емисии, вести.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од резиденцијата под Водно замина одамна, кога тука замириса барутот и се најдовме пред портите на една контролирана, но сепак заканувачка етничка војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На гротеската (и гротескното) денес во книжевната наука се гледа како на континуиран "род" во историјата на европската литература.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најодвратно што може да му се случи на балканскиот уметник денес во однос на војната на просторите на бивша СФРЈ е да профитира со некакви патетични, сентиментални и квазихуманистички пораки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така денес во светот сочинет од најразлични општества со најразличен однос кон митот за прогресот имаме и разни концепции за уметност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Денес в село сите ќе се соберат и колибари, и отселени по градовите, па дури и од Америка ќе дојдат...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кој има денес во селото поголема пензија?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ова не е вистинито само во постколонијалните држави, туку беше вистина и во нацистичка Германија и е вистина и денес во една централно- европска земја како Романија. 10 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Задржувајќи си ја љубовта кон гласовната музика на подоцнежиот период на романтизмот, па дури и на онаа од дваесеттиот век, тој смело сними низа песни и арии напишани исклучиво за женски глас, кои обично ги исполнуваа само сопрани.109 Се разбира, Даниелс не е првиот геј-маж што уживал во пеење, макар и насамо, велики дела од женскиот гласовен репертоар, како што ќе ви потврди секоја оперољубива кралица (а денес во геј-светот никој освен, можеби, оперољубива кралица нема да сака да ви признае нешто толку незгодно).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сакам да имам разбирање за тие кои таа наша младешка самопаленица си ја присвојуваат, па дури и сега тоа го прават и мислат дека тоа е исклучиво нивна заслуга, па дури и денес во разни прилики и поводи за огромен успех го сметаат чинот, дека по нивна заслугата се крена целиот народ на нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако денес во германско-француската дебата ни е нужно разбистрување, тогаш мораме да се обидеме што е можно помалку да бидеме произволни и да не зборуваме за „типично“ германската или „типично“ француската филозофија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Претседателот на Меѓународната асоцијација на театарските критичари Иан Херберт, вели: „Според моите видувања, денес во Лондон се враќа интересот кон политичкиот театар...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога започнав сам да си го вадам лебчето, почнав да гледам еден, друг, многумина кои некогаш во социјализмот, а и денес во транзицијата, „зорле“ работат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овие институции се исто така комплексни мешавини од мрежи и хиерархии - пазари и бирократии, на пример. (...) Пред-капиталистичките пазари, како на пример оние што постоеја во средновековна Европа, Кина или Индија, или дури и денес во многу малите места, се структури што израснуваат од децентрализираните процеси на одлучување, кои ги обединуваат потребите и понудите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Извидниците постојат и денес во Македонија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Потоа Камилски, дополнуван од Татко, се задржа на општопознатите зборови кои се среќаваат кај балканските народи како: мезе, вид предјадење (кое обично оди со предјадење), (потекнува од персискиот збор meze); чорба (од персиски şūrbā); ќуфте (од персиски kūfte); ќевап (од арапски kevap); ѓувеч (од турски güveç); тава, тава-ориз (од турски tava); мусака (од арапски musaka); јанија (од турски jahni), сарма, нешто завиткано (од турски sarma), пача (од персиски pāçe), имамбајалди (од турски imam bayildi); пивтија, пифтија (од персиски pihti); пастрма (од турски pastrma); капама (од турски kapama); пилав, јадење со ориз (од персиски pilv); бирјан, пирјан (од персиски biryān); боранија (од турски borani); бунгур (од турски bungur, bulgur); кешкек (од персиски kekek); кајгана (од турски kaygana); таратор (од турски tarator); туршија (од персиски turşī).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Запре уште на зборовите: чекмеџе, фиока на маса и малечко сандаче со клуч во кое се чувале драгоцености, касета (од турски cekmece); кревет (со потекло од грчки krevet); миндер, послан и подреден со перничиња, (од турски minder); оџак, огниште, димник (од турски ocak); ќумбе, ќумбенце, печка (од персиски kmbet); мангал (од турски mangal), маша (од персиски masa) ќунк, ќунци (од турски knk).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турската кујна денес во светот останала позната по многубројните ориентални специјалитети и кулинарска вештина, оставајќи длабоки траги во готвењето кај балканските народи, но и во лексиката со богата турска кулинарска терминологија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Запре и на зборовите за внатрешното декорирање на куќата, на зборови што означуваат разни предмети, делови на мебелот, постелата, садовите и слично, поголем број од нив и денес во жива употреба во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што некогаш било природно денес во најдобар случај е „природно”, или поедноставно речено, неприродно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Остана дури и денес во прекрасни односи со госпоѓата Фатма Белхоџа, сопруга на покојниот министер за финансии Белхоџа, (Бургиба беше нивен кум на свадбата) главниот преговарач за независноста на Тунис со некогашниот француски претседател Мандес Франс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денес во чаршијата, си рече.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Врвејќи денес во два и половина низ градскиот парк, а токму по алејата која завршува со урна, го видов Леонид Барбашин како седи на зелената клупа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите знаеме дека мнозинството луѓе денес во Русија живеат кучешки живот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А и кој би живеел денес во Европа?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа што на оваа генерација ѝ е потребно да воведе директни и спонтани односи со врвот на пирамидата и затоа што треба да се создадат сила и барање на позитивни идеали, кога иронијата повеќе не одговара.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој „политички“ аспект на прочитувањето на класичното дело може да изгледа парадоксален на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но се чини дека денес во светот генератори на новите жртви не се религијата и идеологиите, туку несогледливата и незапирлива консуматорска експанзија во развиените земји, како и национализмот, во напорите да се истрае во задоцнетото создавање на државата-нација, како што впрочем се случува на Балканот!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Литературата ни нуди чудна, мистериозна утеха, понекогаш можеби опасна во своите предвидувања, но спасоносна и ослободувачка...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеењето во или под „системите“ на ГОЛЕМИТЕ и моќните е практика којашто е присутна и денес во светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивната појава денес во селата на Западна Македонија предизвикува страв и трепет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Друга важна причина зошто не можам да работам во Русија е приказната што ја раскажувам; таа не може да му се раскажува на мојот сопствен народ. 118 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Не. Не поради недостаток на материјали - денес во Русија можете да направите сѐ што сакате.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Денес во СССР ги затвораат атеистичките музеи во налетите на ревизионизмот на Хрушчов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите припитомени, никој не зборува арго, лично се уверив во тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес во затворите сите некако ги вовлекле роговите: Да, господине! В ред, господине!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Одам јас денес во самопослуга и ...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Нема многу да ќариш кај мене, денес во нашиот фрижидер има промаја. Сосем празен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми Јане бетер е од тебе, сѐ уште спие, којзнае кога ноќеска се вратил, а мене ме мрзеше да одам да купувам, па сега ... ама, ај не е важно, дојди во кујната и сама снајди се.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)