денес (прил.) - ти (зам.)

Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако ние дозволиме — денес ти, утре други да се погрчуваат, тие ќе се намножат и, кога гледаш, еден ден, со помошта на правителството турско, тоа кое им оди на рака, ќе ни ја земат црквата и ќе останеме без црква.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И, еве денес ти ми го враќаш споменот на патувањето. – Знам, многу ти значеше тоа патување! – продолжи Татко. – Колку целиот живот на Балканот, ми значеше патувањето во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Господ те прати Ласе, Господ сите на еден ден. Вчера Севдето дојде. Денес ти.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И подарок песна денес ти давам ка тебе вечен Пирински џин, за нашата гордост и твојата слава ти пеам песна, народен син!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Не“, насмеано рече Петар. „За денес ти готвам сексуална оргија“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)