денес (прил.) - управува (гл.)

Сега се стреми кон тоа да се вели “писмо” за сето ова, но и за други нешта: за да се означат не само физичките знаци на пиктографското, идеографското или пишувањето со букви, туку исто така и целокупноста на она што него го овозможува; потоа, од онаа страна на означувачкиот, самиот означен лик; оттаму, сето она што може да му даде место на еден запис воопшто, без оглед на тоа дали е или не е со букви, па дури и без оглед на тоа дали фактот што тој е распореден во просторот му е туѓ на поредокот на гласот: секако, кинематографијата, кореографијата, но исто така и пиктуралното, музичкото или скулптуралното писмо, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Би можело, исто така, да се зборува за атлетско писмо, и, уште повеќе, доколку се мисли на техниките кои денес управуваат со овие подрачја, и за воено или политичко писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)