Во тоа време (крајот на осумдесеттите и почеток на деведесеттите) Благоевиќ беше еден од најлуцидните и најжестоки опоненти на тогаш доминантниот националистички дискурс, но неговите тогашни есеи (неодамна објавени во книга во издание на Радио Б92, од каде што Маргина пренесува одредени делови) и денес поседуваат сила, релевантност и ум, за некои нови следни генерации на овие тажни јужнословенски простори „заглавени” во биологистичкото аисториско начело (за коешто пишува Благоевиќ) да не ги повторуваат безбројните грешки на нашите конзервативни и патријархални „херои и татковци”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Дали современиот уметник денес поседува вака широк опсег на изразување? Се чувствувам мошне близок на колажите и на остварувањата какви што се MERZBAU.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој е и останува значаен поради неговото влијание и поради она што го оплодил.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ја ценам подеднакво и неговата слобода во однос на стратегиите на интервенција. Можете ли да го објасните поимот “стратегија на интервенција”? Во овој случај, стратегија на интервенција значи избор на употребените средства, бидејќи она што сакаме да го изразиме му претходи на начинот на кој тоа ќе го сториме.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)