денес (прил.) - нема (гл.)

Но денес немаше ни чиста љубов, ни чиста желба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посебно беше импресиониран од тврдењето на Вук дека денес нема на овој свет ниту еден јазик (ни стар ни нов) во кој нема туѓи зборови!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, има причини да се верува дека 76 за доз­волата за приватна продажба на дрога оваа земја не би ја претворила во голема пушилница на опиум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пример, Соединетите Држави изгледа дека денес немаат поголем број зависници од хероин по жител отколку што тоа бил случај во времето кога уживањето на таа дрога било доз­волено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многу од музиката денес нема вистински независна егзистенција одвоена од просторот во кој се случува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
БОРИС: Ќе се шишаш? МАТЕЈ: (Се фаќа под стомакот) БОРИС: Денес нема да јадеш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: А тоа дека денес нема да добиеш вода?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Додека трчав мислам дека слушнав како Б.С. ме советува да ѝ речам на девојката дека денес немало симиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Казнета си. Денес нема излегување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А тој е роден во март, значи, денес немал роденден.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)