Татко ми и денес знае да им го изрони на врапчињата, ако е мувлосан или многу исушен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дури денес знаеме дека оние студенти по филозофија всушност и немале никакви шанси да се родат како интелектуалци.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тогаш размислував така. Денес знам дека тоа беше голема грешка.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Многу сакам да го фрлам сувиот леб, ама раката некако ми се вкочанува!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Значи: имаше нешто меѓу нас, но имаше и нешто помеѓу нас како пречка, нешто што ја спречуваше Луција да ми се предаде; не беше возможно таа млада девојка, за која и денес знам дека ме посакуваше, не беше возможно велам, да не биде со млад маж само затоа што има некакви обврски, кои сите ги имаме, секој ден.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)