двапати (прил.) - дневно (прил.)

И така си стои Нумо скраја од патот и двапати дневно го чека својот пријател-шофер за да го земе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И Мирче поетот не само што ги исполнуваше сите нејзини желби туку стигнуваше и по двапати дневно да нѐ посети, па дури и да отседи доволно долго за да ни прочита и некоја песна од современата југословенска поезија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Полека се присеќаваше на животот преку море, на бараките во кои живееше парченце од срцето на и проколнатиот и благословениот Балкан: меѓу другите - Турци, Грци, Хрвати од Далмација, нешто малку Бугари и нешто македонци, глутница што двапати дневно се развлекуваше како тесто, бараки - фабрика, фабрика - бараки, човечки толпа од закрпи на тага, неутешност, страв, искушенија, пцости и песни донесени од далечини, бил во туѓа земја и го научил животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По двапати дневно одев на Онкологија, наутро и навечер.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)