Сурен имам и селски пазари, кои се отворени двапати во неделата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Закажуваа двапати во месецот, некогаш почесто, некогаш поретко, играње покер во нашата куќа крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но автобус за во селото имаше само двапати во неделата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Проретчија и средбите со Рада. Во Скопје одеше само двапати во месецот. Но, работа немаше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Понекогаш по ден два и се јавуваше и по двапати во месецот, а понекогаш го немаше да се јави и до три месеци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во болницата немаше топла вода за капење, но двапати во целото наше престојување бевме две „Голи Маји“, нормално со инфузиите во вена, закачени на шајка во бањата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ден на забранет сообраќај Како Пепелашка во Париз, која двапати во еден ден беше на „дворот“ - ете така се чувствуваше оваа малава, што качена на штикли од најмногу сантиметри, сепак, е мала, со срце ’ко зрно од афион, опиено, токму како од него.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ибн Тајко отседна во Капан-анот и двапати во денот доаѓаше во сарајот да ѝ ги менува облозите на попарената Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За жал Општината изгоре сосе сите документи кога нападна Четвртата македонска ударна бригада.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таша никому му нема кажувано, но еднаш или двапати во времето на окупацијата одела во Општината за да прими некакви пораки; а можеби во прашање биле и пари.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Двапати во историјата на XX век САД ја спасуваа Европа од самата себе, од фашизмот и од власта на тоталитарните идеологии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Внесена во мојата балканска сага таа не можеше да остане индиферентна на настаните кои ги следеше преку медиумите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но тешко можеше да се разберат суштинските причини за вечното траење на војната.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога ќе ги подотвореше питите, оттаму ќе му замирисаше тестото на домашниот леб од детството што го месеше баба му и го печеше во домашната фурна двапати во неделата, а го држеше во дрвен сандак на ногалки и со дрвени шајки, покриен цело време (лебот) под цедило, ни исушен ни стврднат со денови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во поглед на извршувањето на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во т.н. работни спорови, проблематиката е регулирана со Законот за извршување (2005), 1 којшто е изменет и дополнет во три наврати – двапати во 2006 и еднаш во 2008 година. 2 Претходно постоеше „стар“ Закон за извршна постапка (1997), 3 којшто двапати беше изменуван и дополнуван – во 2000 и во 2003 год.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А тоа се случува еднаш или двапати во месецот: ќе одјури учителот в град или некаде каде што го викнале по работа, а тетка Анѓа тогаш ни станува учителка.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Реката си тече, двапати во иста вода не влегуваш... сè тече, сè се менува... Ѕвони... ѕвони!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Двапати во една иста вода не стапнуваш!“ - вели Јана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Како река - ама никогаш не стапнуваш двапати во иста вода“ - помисли Влатко, кој во близина собираше пресечени гранчиња од пролетното кроење, всушност, чичко Темелко вршеше пролетна корекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Некојпат еднаш, некојпат двапати во неделата - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А тоа се случува еднаш или двапати во месецот: ќе отиде учителот в град или некаде каде што го викале по работа, а тетка Анѓа тогаш ни станува учителка.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Еднаш или двапати во неделата сукаше зелник и кога ќе станев, тој веќе го испекол а јас ќе го најдев уште под вршникот, топол, за да појадувам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Имено, од важни причини, кои мораат да бидат образложени, судот може да одлучи жалбата да не го задржува извршувањето на одлуката (чл. 409, ЗПП) – што, секако, е добро решение во корист на работникот којшто успеал да го добие спорот, особено тогаш кога во улога на жалител ќе се јави работодавачот. в) Законот за извршување Во поглед на присилното спроведување, односно принудното извршување на судските, правосилни и извршни, одлуки донесени во работните спорови, проблематиката е регулирана со ЗИ (2005), 18 којшто е изменет и дополнет во осум наврати: двапати во 2006, по еднаш во 2008 и во 2009, и дури четири пати во 2010 година – но, за среќа, ниту една од нив не се однесува на институтот 17.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)