двапати (прил.) - се (зам.)

Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двапати се качив кај него горе. Тој се изненади. Знам дека не се надевал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
До свиокот одзад карпата само двапати се свртеа - за уште две виѓавања.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш Сандо и лично слушнал како обвинетиот и се обраќа по име.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога Сандо ја прашал дали слушнала дека некој посакал да и се обрати, одговорот на Јана бил негативен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти за едно автенце двапати се колнеше во мајка, а јас ништо не ти пререков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)