Е, а тоа претпладне, кога дотрча кај мене Рајна за да се пофали со својата среќа, убаво го ислушав сè она што ми го изнаприкажа, дури и двапати плеснав со рацете; се правев дека сум многу изненадена; а и зошто некому да му брцаме со прст во радоста; и, се разбира, и понудив стол да седне: „Господи“, реков, „Рајно, ние ломотиме а стоиме, поубаво се густира разговорот додека се седи“, реков, и речиси ја поттурнав за да седне на столот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)