Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Изоморфизмот меѓу вашиот сегашен мозок и вашиот мозок од минатото (и тоа не толку далечно минато), не е совршен.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Откриениот сиџил требаше, конечно, да му ја открие тајната дали предците на неговата мајка имаат овдешен корен или, во некое далечно, далечно минато, биле дојдени од Анадолија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сите забрани против кои се бореа старите суперѕвезди сега беа веќе далечно минато - невистинити колку и Викторијанската ера.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Зуи внатре
шармантниот шум на душата
ја влече назад
но таа
по сѐ изгледа
ќе стане од леглото и
- по кој знае кој пат -
ќе се врати во стварноста
без лажна
надеж.
За жал, добата на
лесно
самозаблудување
за неа
е далечно
Минато.
Депресија: квечерина
Раз-сони се.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)