далеку (прил.) - ден (имн.)

Ги слушаше речиси безгласните коментари, или така му се чинеше дека не е далеку денот кога градот ќе го завладеат козарите со нивните кози, дека не е далеку денот на белата, козја контрареволуција, кога неговата фотелја може да ја заземе козарот со титовка од козја кожа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој јасно страхуваше дека не е далеку денот кога и козите ќе бидат невино замешани на проклетствата на „класната борба”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса од старото нејзино аро — Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не е толку далеку денот кога ќе можеме тебе, тебе или тебе да ви ги замениме главите и во една сајберобработка да те подмладиме на тој начин како стогодишник да можеш да усреќиш една млада кравичка, или своето парење во виртуелниот свет да го претвориш во стварност; тоа сè уште не значи дека сме го грабнале Бога и дека стварно ги знаеме вистинските волови. 8 okno.mk Но што?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)