Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Далеку се распростира како копнежна сладост во мрачниот предел. „Свири, Петре-е-ј“, му се одѕива некој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Солена пот им се лее од нивните поцрнети лица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Песната извира од длабочината на поробениот Македонец, со векови пластена во неговата душа и се лее, се шири и далеку се носи низ пиринскиот крај на Македонија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трајанка беше како трамболина, отскочна даска на животот од која далеку се достигнува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Без колебање, откако од далеку се поздрави со Милета, им пристапи, рече: „Миле, посебно ме интересира дали некој од твоите пријатели чул за некој Едо Бранов! За такво име?“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Преку сцената пат за Водно, покрај патот густо дрвје, од далеку се гледаат темноцрвени покриви од градските куќи и врвови од дрвјата, над кои се извишува скопското кале.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Разбираш? - Па, нешто разбирам, повеќе не разбирам, важно е убаво е и на далеку се гледа! - рече Денко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа беше она што од далеку се гледаше како огромно зелено поле. Свртеа малку налево.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
— Вие сте ја заборавиле својата класна припадност, вели, вие сте закоравени националисти, вели, го губи умот од бес. „Само во празна глава не можеш ништо да туриш, велеше дедо, а празното најдалеку се слуша.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе јасна е борбата, што се вели, уште од далеку се познава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така еднаш цела недела небото ту беше црно, ту сиво, далеку се слушаа грмежи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Штом музика слушне таа веднаш пее а гласчето малечко далеку се лее.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)