горко (прил.) - кафе (имн.)

Да почнам да пијам горко кафе и да не ми треба засладувач како досега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По добрата голтка горко кафе и цигара, Рада конечно се вклучи во „бош“ муабетите на Душка и Роска, станувајќи дел од екипата која озборува без мерка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа што, кога сакав горко кафе, пиев живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ма, ајде дозволи си да се впуштиме во краткорочно слатко задоволство, кое нема да ни наштети, се разбира, доколку ти не пиеш горко кафе, па нарачаш за обајцата.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)