И со подбишеги: ’Беш ми мајку, мажи Поречани, сите со гајќи помочани!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Љаке се поттргна назад, му се натопори, испиште: - Одби! Одби! Горе рацете!
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Додека српските четници акаа низ селата, комитите им одеа постапница неодавајќи им се, а кога тие сами влегоа во клопка во куќата Акиноска, комитите фатија пусија и чекаа да излезат однатре, а кога тие излегоа, ги дочекаа со Горе рацете.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)