Притоа, гледаше гордо во мене; нашиот џез е во фолклорот, велеше, и јас чувствував дека во нешто има право, а особено за тоа дека нашиот џез треба да се однесува на нашите најрани музички корени; во нешто се согласував, во нешто не, но она што апсолутно ме оддалечуваше од Луција беше сигурноста во тоа што го говори; сигурност што човек може да ја има само ако е член на некој Хор.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога останавме сами, Симон ја исече кутијата и од неа извади голем, нов телевизор. Во боја, рече гледајќи гордо во апаратот. Сега сите одат на боја, вели.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)