Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Уверен, зацврстен, врз култното почитување на прописите од својата сфера дека постигнал мала дипломатска победа чија смисла најубаво ја разбираше само тој, замина гордо со телеграмата, херметички затворена во фасциклата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)