Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)