вчера (прил.) - да (сврз.)

Како сега се сеќава на мигот кога првпат го виде; живееше во една куќа на главната улица во која таа често наминуваше. Како вчера да беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
БОРИС: Вчера да умрев, немаше да знам. МИРА: Можете да умрете утре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како вчера да беше, позади зелената трафика кај „Работнички дом“, го пропуштав првиот, па вториот, третиот автобус, додека мајка ми дома на ходник со будилникот в рака ме чекаше броејќи ги минутите... од 21 часот па натаму, со истата реплика: „Само ако дознае татко ти, тешко тебе!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој многу сакаше музика и често потпевнуваше за време на претставата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Отиде на работа пред шест месеци, - потсети мајка му како да броела додека молчела, а потоа заврши како вчера да било. - И оттогаш го нема.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стига и да помислам: зошто животот од вчера да не ни се случи и задутре - па сѐ во мене да пламне од сиво во розово.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)