воопшто (прил.) - има (гл.)

Во оние грсти што обично луѓето ги разменуваат само по некој е тогаш изваден, ако воопшто има такво.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ние не можеме ни во спор да влеземе зашто овие две реплики одат една во друга: додека јас ја зговарам мојата реплика, тој ја изговара својата и тие, двете спротивни реплики, влегуваат една во друга како две сламки една во друга и не се знае ни дали воопшто има спор а камо ли во што тој се состои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не може да се претпостави какви огради околу или во близина можело да има, како изгледало околу бунарот, каков покрив имал, ако воопшто имал, дали имало куќи поблиску отколку што се сегашните? Кои луѓе живееле најблиску, како живееле, што работеле?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лага е, си велев лежејќи во креветот на грб, со рацете прсти во прсти под тилот, ако не е лага, тогаш зошто воопшто имал потреба да го каже тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И бидејќи имам лоша навика да го прелистувам весникот од назад кон напред, свесно прескокнувајќи ги страниците за економија и политика, но не со цел да се задржам на некролозите, туку на рубриката за култура (ако воопшто има таква во овој ден од неделата), случајно дофаќам две страни повеќе и кога во рубриката црна хроника, што ќе видам: Јадранка сликана во придружба на двајца батки облечени во униформи, очигледно припадници на безбедносните служби, кои ѝ помагаат да излезе од огромен црн џип, ламја од минимум 3000 кубика.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сепак, да не се разбере криво, личната гордост немаше во тоа којзнае каков удел, а прашање е дали и воопшто имаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оптегнувањето никогаш не било лесна работа, а не пак танцот сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
До крајот на љубовта, како што беше рекол Леонард Коен, ако љубовта воопшто има крај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но дали воопшто има смисла едно вакво прашање?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не се решаваше да проценува дали ќе го биде, дали му оди од рака тоа што го одбрал, дали воопшто има или соумева нешто да каже.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеби проблемот е дали евреинот воопшто има усни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прашаа дали воопшто имам патриотско чувство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И колку секој од нас погрешно го разбира тоа не е наша вина - ако тука воопшто има вина, таа е само во начинот на кој јазикот функционира. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 25
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не го обвинувам, всушност, ни ронка што е подозрив, ако воопшто имал намера да биде таков.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали воопшто има такви луѓе, кои со сигурност знаат дека се среќни?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со повторното појавување на болките, тој се прашува дали неговите напори воопшто имаат смисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обновата е императив, но императив остварлив исклучиво „со помош на подобрите души” (Хилер); поточно, со помош на подобри духови; уште поточно, под водство на сојузот на оние коишто воопшто имаат дух.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целта на ниските, кога воопшто имаат цел - зашто постојана карактеристика на ниската група е тоа што се премногу измрцлавени од ринтање за да бидат свесни, освен повремено, за било што друго што е надвор од нивниот дневен живот - е да се укинат сите разлики и да се создаде општество во кое сите луѓе ќе бидат еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако воопшто имаше време да помисли на тоа, го вознемируваше фактот што секој збор што го изговара во говоропишувачот и секој потег на неговото пенкало беа намерна лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако воопшто има надеж, таа е во проловите!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
VII Винстон запиша: „Ако воопшто има надеж, таа е во проловите“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што има под нив (и дали воопшто има „под”?!) - никој не знае!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ете, на пример, да речеме, во еден случај, слав­ниот рицар на вистината, господинот Јанус (член, инаку, на тајните Сили на Доброто) се обиде да ги провери двоумењата; и така, во првата згода кога на господинот Јанус под раце му дојде господинот Дипигус, 86 Margina #21 [1995] | okno.mk се случи тоа: Јанус ја истрга маската од главата на Дипигус!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И во кој дел на Русија останале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за какво верување стануваше збор никој не беше доволно умен да објасни Дури никој и не знаеше дали тој воопшто имал некогаш деца.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но сега се прашувам, дали некој воопшто има право да уништува некого?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа сеќавање беше толку неодредено што, макар колку да се трудеше, остана несигурен дека човекот со костумот воопшто имал куферче во раката или нешто друго на што тој не можеше да се сети, да го опредмети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)