Винстон пушеше цигара „Победа“ држејќи ја внимателно во водорамна положба.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се загледав внимателно во лицето од татко ми и не знам зошто ми се стори дека во него има некои измени, дека крие од мене нешто.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Го правеше тоа внимателно во темницата, како да беше важно дали жртвата ќе си ја удри главата од земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе видиш колку е длабока и далечна таа боја, длабока колку што е дното на Индискиот Океан, а далечна колку што се врвовите на Хималаите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
П.С. Секогаш кога ќе посакаш полесно да „допатуваш” кај мене, загледај се внимателно во индиго бојата што мајка ти ја купи на еден пазар на мирудии.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Човекон зад светлината дали е другарот Ѓурчин“ се прашував?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но сенката од зад ламбата како да го беше наслушнала моето размислување па таа самата побрза да објасни дека не му припаѓа на другарот Ѓурчин: - Со другарот Ѓурчин внимателно ги разгледавме изјавите на обвинетиот - почна да објаснува сенката од зад ламбата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се бев загледал внимателно во сенката што за момент ја зафати едно валмо светлина но ништо конкретно не забележав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Го сфаќаме настанатото недоразбирање, и веруваме дека младиот човек ќе размисли за своите грешни заклучоци а со тоа ќе извлече и соодветна поука.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Арслан се загледа внимателно во Анѓа, која ја држеше понаведнато главата, но очите го стрелаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)