Ти си шампион во серење!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 57 едно широко антрополошко поле, каде што фразата „деструкција-во-уметноста“ ги истакнува процесите што ги одредуваат праксите на терминот внатре во самата институција на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие идеолошки кампањи ја делат стратегијата внатре во која одредени општествени односи се натурализирани.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Посебно внимание кон телото денес покажуваат женските истражувачки.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој го реформулираше традиционалниот дуализам внатре во механизмот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Разните деконструкциски анализи испишани последниве педесетина година нагласуваат дека не постои објективно, непристрасно стојалиште бидејќи науката е само постапно осознавање дека целокупната човечка мисла, човечкото знаење во целина, носи особен печат и ги пренесува интересите на оние што ја обликуваат. 22 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Декарт е важна етапа во развојот на тие согледби.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За разлика од модернистичкиот автор, главната опсесија на Турк е да се биде присутен, а таквата опсесија ја диктира токму поп-културата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Да ги земеме како пример General Electric и „We bring good things to life“, Coca-Colla со „Coke is ist“, Nike - „Just do it“, или она брилијантно едноставно „Be“ на Calvin Klein.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Краста: Со оган можеш да се згрееш но и да се испечеш. (Ја фаќа за уво и ја вовлекува внатре во собата) 3.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во таа светлина, значајната Фројдова ревизија што се случи во текот на дваесеттите години може да послужи и како базичен модел за диференцирање внатре во популарното на безбеден „mainstream“ (да го наречеме тоа „уметност на среќата“) и на различни форми на радикална и критичка продукција којашто се храни со истиот јазик како и „меинстримот“, но и се отвора спрема многу покомплексните ефекти на задоволство што некоја појава ја прават популарна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Телото еминентно е женска тема, не само внатре во феминистичките и „gender studies“, туку и пошироко.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој процес на ‘калемење’ на вештачкото врз физичкото тело (нешто како Робокап) свеста сепак некако ќе опстане.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Слично како кај Џеф Кунс одлучувачка станува саморепрезентацијата на уметникот, така што и афинитетот за еден или друг, односно нашиот суд за одредени уметници, зависи и од нашите позиции внатре во поп-културниот консумеризам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Деструкција“ како категорија не постои во мнозина филозофски речници, а дури не се појавува во ‘keywords’ на Raymond Wiliams меѓу коишто можеме да ги пронајдеме зборовите ‘отуѓеност’, ‘семејство’, ‘технологија’ и ‘насилство’.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сложениот проблем на пренос, односно прикопчувањето на човечката свест кон машина и новото создавање на свест внатре во машината најпосле ќе се реши.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гоце и Ѓорче влегоа внатре во мрачната и тесна затворска ќелија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брате Ѓорче! - Брате Даме! - викнаа двајцата посетители.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Овде Кравар најпосле зазема позиција внатре во сосема рецентните политички спорови и ѝ се спротивставува на раширената теза за “национално помирување”, според која сонцето конечно ќе ни светне дури откако бившите усташи и комунисти меѓусебно ќе си пружат рака.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа болест се вика распад на хрватскиот ум - распад внатре во самата супстанција на хрватската интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Мотивот на Крлежа за заминување, доведен до поим, упатува на перманентната дислоцираност на модерниот човек, дислоцираност од егзистенцијален тип, но и во смисла на неговиот идентитет, значи, дислоцираност внатре во симболичкиот универзум во кој го сместува својот живот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа е, можеби, како што тврдеа некои, карактеристична одлика на постмодернизмот, кој себеси се лоцира внатре во една (пост?)апокалиптична визија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ова е контекстот внатре во кој неодамна најславниот хрватски интелектуален покојник, No ovoj makedonski Atlas Мирослав Крлежа, беше промовиран во koj tolku podgotveno vrz советник на претседателот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Дури и како обична измислица, таа претставува симптом на конституциско пореметување внатре во самата хрватска интелектуалност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Убавиот лик не го следеше тој со вртење глава, а го проследуваше, се така загледан в земи, внатре во себе, дури не му се сталожи како неусетна издишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дали сакам да биде внатре тоа што е внатре во мене?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ѕидовите на шишето стануваат затвор, го исклучуваат сопственото јас од сѐ, додека во меѓувреме сопственото јас е прогонувано како никогаш порано, дури и внатре во границите на својот сопствен затвор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Јас” сум внатре во мојата кожа, но како надворешно можам да го почувствувам она што е внатре во мене, и она што е вон мене.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Што сакам да има внатре во мене?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тешко, без да сфатам дека јас го поседувам тоа што го имам внатре, внатре во мене.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сум сосема внатре во нешто?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Да кажеме: внатре во мене е реално, и внатре во нив е реално.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дали сакам да е надвор тоа што е внатре во мене?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во модерните градови се преферира да се земе здраво за готово дека јас сум внатре во мојата кожа и вон твојата, а ти си внатре во твојата кожа и вон мојата!
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Свесни сме за разликата меѓу плунката внатре во нечија уста, и некоја плунка во просторот, пет сантиметри вон устата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Преку проекција, да го ставам тоа што е внатре во мене, вон мене.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Или претпоставете дака јас сакам да го стекнам надвор тоа што е внатре во мене.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Почнувајќи од Бонче на југ сите села — Марул, Орле, Црничани, Подмол, Лопатица, Мегленци, Суодол, та дури и внатре во Полето — разбраа дека некои си Мариовци му застанале на патот на Мусинчани и им ги наполниле кожите со сачми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не може чорбаџи— пламна Толе внатре во тунелот, — ние пазариме по бела меџидиа и така ќе ни го платиш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На поезијата и уметноста во 16 и 17-иот век лирските кончети заедно со ликовниот приказ или внатре во него (амблем), геслата (хералдика) и импрезите (животните максими) влијаеле - според Марио Прац - исто толку снажно како и Библијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од задушувањето со страниците на книгата за француската револуција произлегува очебијната иманентност на темата што ликот ја проучувал, како и неговиот собирен простор како место веќе заградено со смртта, теророт и истребувањето внатре во страниците од насобраните томови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Поради тоа рок музиката, за разлика од т.н. сериозна музика, во себе носи поинаков облик на креативност - создавање на нови стандарди, вредности, како и скриени облици на комуницирање внатре во психоделично ориентираната супкултура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Каталогот од на тој начин расфрланите умножени случаи внатре во книгите со кои останува опкружен задушениот леш прераснува во еден вид на надреалистичка, либрофагиска закана.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеби Марчовата перфектно јасна, зачудувачка невиност скаменета внатре во земниот цинизам е она што толку добро оддекнува во нашите деведесетти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се чини дека Дишан истражува внатре во ова амбивалентно, лингвистичко и оптичко движење, во претставувањето на двократно сексуалниот идентитет или дури и остварувањето на андрогеноста, што би претставувало апсолутно спојување и перфекција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Развојот на Translation Studies како научна дисциплина би требало на некој начин да го подигне нивото на дискусиите за преведувањето и ако воопшто постои некој критериум за проценување на преведувањето, тој да биде етаблиран внатре во самата дисциплина, а не однадвор.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така секој составен дел на работата е потполно искористен, па линеарноста експлодира и се ослободува за да може динамично да функционира во создавањето на повеќедимензионалноста внатре во самиот елемент, што ја одржува несфатливата бесконечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ноќе лежиш буден на кревет, исто како во мртовечки ковчег, и ги слушаш ужалените кои се внатре во тебе како те оплакуваат, а ти им викаш да престанат да те оплакуваат, но тие не престануваат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој можеше да гледа и да слуша, но некој контролен механизам внатре во него, кој нормално ги филтрираше звуците и ги фокусираше надворешните предмети, беше збудален.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се исплаши полскиот врабец, но додека да разбере што се случува светлините пак се запалија а внатре во собата се кренаа весели викови: - Среќна Нова година!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Така, кога го разгледуваме предлогот дека животот е создаден со постојано раскажување и прераскажување на искуството, ние го разгледуваме процесот на „недетерминираност внатре во детерминираноста“, или на она што Герц (Geertz, 1986) го нарекува „копирање коешто создава“: Клучното прашање (невкусно и изведено од заблуда) го поставува Лајонел Трилинг (Lionel Trilling), естетичар од осумнаесеттиот век: - „Како се случи сите ние да почнеме како Оригинали а завршуваме како копии?“ - и открива ... одговор кој е изненадувачки уверлив: „Копирањето е тоа кое создава“. (стр. 380)
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со што се занимаваше тој и дали воопшто со нешто се занимаваше - тоа е обвиткано со превезот на темнината.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нашите културно достапни и погодни нарации за индивидуата и за меѓусебните односи, се создавале историски внатре во контекстот на социјалните структури и институции.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Приказните кои луѓето ги живеат се ретко, ако воопшто, “радикално” конструирани - суштината не е во тоа тие да произлезат, така да кажам, “од тагата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Недетерминираност внатре во детерминираноста Доколку нарациите на индивидуите за нивните животи ги ограничуваат значењата што тие му ги даваат на искуството, како и аспектите на искуството коишто ги избираат за изразување, и ако тие значења имаат специфични и реални ефекти во животите на тие индивидуи, тогаш имаме јак аргумент за 46 Margina #4-5 [1994] | okno.mk детерминираност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Најверојатно не се занимаваше со ништо, бидејќи внатре во ѕидините на Донскиот манастир можеше да се види и наутро, и преку денот, и навечер, единствено ако непрекинато работел во ноќната смена...
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На пример, доминантните Западни сфаќања поставуваат високи индивидуални и полово различни спецификации за начините на постоење во светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Непријателот не бил само во ходниците на моќта, туку ни бил и внатре во душите („Хитлер во моето срце“, како што тоа години подоцна го срочи Ентони Хегарти, пејачот на групата Ентони енд д Џонсонс).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
-Старче, да зачекориме внатре во езерото!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Човекот го нема на ниедно друго место: тој е внатре во луѓето, скриен, осмислен но оддалечен од твоите очи! - мудро одговори старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
А внатре во пампурите, како што подоцна велеа, големите амбари беа поделени на катови и во нив постела до постела и топло.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Јас побрзав внатре во куќата, плашејќи се Вера мене да не ме праша која беше таа жена со црна шамија на главата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Татко ми и тетка Рајна скоро ја внесоа за раце, внатре во собата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сиот живот чувствував како нечиј поглед да го поништува моето постоење, и истовремено, барав некое суштество кое ќе ја залечи таа скршеност на моето Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од таа борба тој ќе излезе победник, уште повеќе што реформите во Македонија ќе ѝ дадат нејзе можност да се ослободи од туѓите влијанија и да го пренесе центарот на преродбата внатре во неа. *Прочитано на 3 седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Свети Климент“ на 19 октомври 1903 г.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие ја составија во Бугарија основата на работењето во полза на Македонија. 117 „Гркоманите” во Белград од година во година се зголемуваа со нови „гркомани” и „бугаромани” но и едните и другите внатре во Србија мачно се преобрнуваа во „србомани”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Збивташе тешко и кога погледна внатре во колибата, здивот му закркоре во градите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се гледаше дека сака да каже нешто, но во тој миг не можеше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Можете да го смените вашиот означен дом: видете “help Жsethome” за детаљи. (од: Mediamoo Help Sistem) Средбите на необични места, особено внатре во компјутерот, понекогаш можат да бидат незгодни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се сви, но од тоа болката можеше само да се притаи, а да остане пак постојано будна и задемнета некаде внатре во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Старецот зборуваше така просто, мислејќи на сето она внатре во човекот, и на неговата среденост.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во длабокиот бунар кој се наоѓаше внатре во тунелите, Рада фрли паричка за среќа, а желбата ја задржа единствено за себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ние сме внатре во истрелано ѓуле и одиме неповратно право кон целта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Или дека кремата „Бекутан“ лечи жуљеви, маасил, кожни венерични... и е малку скапа, од што дури од Турција ја носиш (а внатре во тегличето, „Кристал“ маргарин) ама само да го допреш на задникот со мрсни раце има како кутре да те следи и кај сакаш и кај што е непожелен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Почнав вистински да се сомневам дека машината се претвора во чорапоголтач и дека таму некаде, внатре во неа, до каде што ми стига мојот женски пилешки мозок, околу познавањето на мотористика (ако така се вика науката за чистење сифони, одвод под када, казанче што капе и машина што рипа како да видела дух на секое центрифугирање), постои нешто што сака силно да ме изнервира.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Го ставил внатре во карпата, во пукнатина длабока до лакот и заборавил на тоа...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А, може да заврши работа и добар селектор, внатре во екипата (не сум била на фризер, пуштам џигерици).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со медалите на градите и со воздушниот балон внатре во душата, со леснотија, чиниш лебдејќи, се преместуваа од добро кон подобро, сè поблиску до врвот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По Максима Акиноски и сите другите заграбуваат од ископаната земја од гробот, ја целиваат и ја фрлаат внатре во гробот врз покојникот и тие изговарајќи Лесна му земја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само, човек се прашуваше: кого ли редат луѓето - дали умрените, дали татко им Ѓорета, кој, поради пуста Македонија, ни за нивната свршувачка ни за нивната умирачка не беше тука, ни да им се изнарадува ни да ги исплачи, дали мајка им Илинка, која, во еден миг, како што стоеше на работ од гробот небаре скаменета и без солзи, туку рипна внатре во гробот, го прегрна ковчегот и викаше, молеше, заколнуваше и неа, заедно со ќерките, жива да ја закопаат...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ех, тага ле, откако се знае Потковицата себеси, небидница владее со жителите нејзини, таа си ги коренува...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога тие излегуваат, прв Максим Акиноски заграбува од ископаната земја од гробот, ја целива и ја фрла внатре во гробот, врз покојниот, изговарајќи Лесна му земја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога навлегоа и едните и другите длабоко внатре во мртвиците, одекнаа два скришни истрела и Сали Муслиоски и Даут Мустафовски се ступолија од коњите во живиот песок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И многу работи се случија, далеку од Потковицата и внатре во неа кои од корен им го изменија животот на луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Си зел в раце едно дрво некастрено, како за стап, в раце да му се најдит, за од лошо да се брани и тргнал на угорното да одит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
ЗЕМЈАТА И РАЈОТ Вечната била еден длабок дол, што око чоечко не можело да го догледа и преку тој дол имало мос од влакно и секој чоек, што ќе умрел, ќе поминел на влакното преку вечна и, ако е грешен чоекот, штом се качи на влакното и ќиниса по него да оди, ќе се скине и ќе падни чоекот внатре во вечна, а пак ако е праведен чоек, едно ќе се качи на влакното, за да врви и веднаш ќе му се стори еден широк мос и трчаница ќе си помини и во рај ќе си влези.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На волоите секоја година длаката му се менуела и се подноуала кожата и никогаш не умирале.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сопрво беше напраил еден крс на едно дрво од некое суо дрвце за да го познаат местото, чунки ќе одел као внатре во адата за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од чоека, пак сакал да се врати назад, кај изворот, за да поживеит тамо со јемишот што бил на дрвата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Надворешниот знак за успехот на вештината беше појавувањето (внатре во живата, на геометриската фигура позната како жигот на Хермес.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И херменеутичката филозофија и когнитивната наука сметаат дека јазикот е лоциран во усогласеното однесување и интерперсоналните односи, а не внатре во „умот“ на секој поединечен човек (Winograd i Flores, 1987).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
58 Ракопис пронајден во џебот Кога сега пишувам за тоа на другите може да им изгледа како рулет или хиподром, но пари не барав, туку во еден момент почнав да чувствувам, да одлучувам дека стаклото на прозорецот од метрото може да ми донесе одговор, средба со некаква среќа, токму тука каде што инаку сè се одвива во знакот на најфаталниот раскин, внатре во подземното време кое линијата од станица до станица го оцртува а со тоа и ограничува, неотповикливо под.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За оној што се нарекуваше artifex, успехот на неговите напори зависеше од неговата способност да ја обработува живата сè додека таа не се здобие со моќ за трансмутација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се задржувам за една метална шипка и успевам да влезам внатре во бродот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
(Слотердијк) Се покажува дека разликите помеѓу ентитетите (прозата и поезијата, мажот и жената, литературата и теоријата, вината и невиноста) се втемелени врз потиснувањето на разликите внатре во ентитетите, начините на кои што некој ентитет се разликува самиот од себе.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тој се потсмева со конфузијата помеѓу овие идеи прашувајќи се дали програмот за симулација на време ќе предизвика да заврне дожд внатре во компјутерот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Исто така иако Гибсон беше и е често гледан со длабок сомнеж внатре во СФ заедницата, тоа немаше веќе важност: тој веќе не беше „само уште еден СФ писател”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Нејзе ѝ велат, „Вашето дете е внатре во вас”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овој збор се претвори во жиг: внатре во СФ гетото некои аплаудираа, некои пцуеја, некои вложуваа во него, а некои дури сметаа дека тој збор не означува ништо, а имаше и такви кои во исто време аплаудираа, пцуеја, вложуваа во него и му го негираа значењето - типично постмодерен став, некој би рекол.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во еден од моите часови на безгрижност, или поточно, сега и тука, слушајќи ги звуците зад аголот, и чекорејќи по асфалтирани насмевки се нурнав низ празнините внатре во чашата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но внатре во женските движења, а посебно во поновото Queer-движење, прашањето за тоа колку се значајни или битни одредени разлики - да речеме, значењето на мајчинството и репродуктивните способности за разбирање и преобразба на половиот идентитет; или пак прашањето дали хомосексуалноста е природно својство или избор на поединци - предизвикуваат фракционирање и распршување на движењата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тогаш оној Еден би можел да биде поразен од Другиот внатре во општествените, а не меѓудржавни борби, и филозофијата на победата и поразот би била релативизирана.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бидејќи нашиот живот постепено, како екстерно така и интерно, ќе стане „живот во множина” - значи живот внатре во различни општествени и културолошки контексти, како и живот којшто низ себе пропушта и во себе поврзува голем број замисли - дизајнот мора да ги има предвид не само расположливите стандарди (локални, национални, општествени) туку ќе мора да создава и мешовити (мултивалентни) творби.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Пример за последново е гледиштето дека разликите меѓу машкото и женското произлегуваат од поделбата на трудот според пол внатре во човечкиот род.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Класната формација внатре во националниот организам би значела будење на оние непомирливи спротивставености внатре неговата свест на патријархален маж- војник, коишто тој еднаш ги закрпил со „херојскиот принцип”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Најважната а воедно и најтрауматската димензија на авангардните движења е фактот што тие дејствуваат и творат внатре во колективот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Експресионистичката онтологија, значи, ја претпоставува магичната семоќ на Јас. (...) Општиот императив на експресионизмот кон обнова и преобразба имплицира - без оглед на можните содржини и стратегии - некаков вид активистичка опозиција како на резигнирано-пасивната игра така и на квијетистичката контемплативност: „Да не се прифатат судбините (ниту општествени ниту природни) во индиско-вонсветовен стил”, вели Курт Хилер, еден од водечките претставници на активистичката струја внатре во експресионизмот, „туку прометејски да им се спротивставиме.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тој со тоа 22 okno.mk се бори против шизофрената состојба на својата свест - го спојува неспоивото, ги укинува спротивставеностите на природните интереси внатре во општествената целина, произведувајќи ја маничната национална „целина”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На крајот од овој век, меѓутоа, сведоци сме на спротивни тврдења: Пол Фаерабенд и други се залагаат за „науката како уметност”, а задачите на дизајнот - којшто, како и некогаш, претставува уметнички момент внатре во занаетчиството, односно индустријата - стануваат сѐ пообемни и поприсутни.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Нацијата - тоа е перманентна војна којашто југословенската идеја (поради политичките изопачувања на националните тагови внатре во самата неа) никогаш не можеше да ги смири.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Прашањето на колективизмот, то ест, прашањето како да се организира комуникацијата и да се овозможи соживот на различни автономни поединци внатре во заедницата, може да се реши на два начина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во отсуство на секаква вистинска комуникација внатре во Океанија, тоа не беше тешко да се уреди.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Внатре во станот, еден сочен глас читаше список од бројки што имаа некаква врска со производството на сурово железо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон никогаш не влегол внатре во Министерството на љубовта, не бил дури ни на половина километар од него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ се случуваше внатре во стаклен тег за хартија, но површината на стаклото беше куполата на небото, а во куполата сѐ беше облеано од јасна мека светлина низ која погледот допираше до бескрајни далечини.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Ние ја контролираме материјата затоа што го контролираме умот. Стварноста е внатре во черепот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Изгледаше не само како да е со него, туку дека е внатре во него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие им се внатре во снагата, таму фатени, ама со нивни катинари и резиња, не со овие синџири однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќерката и внукот сè уште беа внатре во собата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Пак се насмевнаа агаларите, а кадијата заоди внатре во одајата кон стиснатите деца.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На пример, неодамна двајца архитекти на Pacific Bell внатре во ВР расправаа за можните промени на детскиот центар.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Фрејм мејкер-от е друг начин да ја објаснам мојата улога:”ОК, ајде да ставиме една рамка околу нас, да разгледаме сѐ што е внатре во таа рамка, и да видиме како тие нешта меѓусебно се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сето ова бара подлабоки сондирања внатре во „човекот“ отколку што тоа на едно вакво место, претпоставувам, се очекува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со очилата не го гледаш веќе екранот од надвор, туку си внатре во екранот. u Верзија на тоа што го опишувате е Нинтендо ракавицата?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И тие се во право, затоа што треба да се сликаат слики за луѓе, а не за некакво чудовиште што е внатре во тебе и ги шмука твоите сокови.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сѐ што треба ќе редиш внатре во самарчето од коњчето и пак ќе го зашиваш.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- За писмото лесно. Еве каде ќе го скријам - рече Трајче, го свитка и го пикна внатре во кавалчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Со прво беше направил еден крст на едно дрво, од некое суво дрвце, за да го познава местото, чунки ќе одел како внатре во адата, за да види што има и што нема, да ако нема некоја трага од човека, пак сакал да се врати назад кај изворот за да поживее тамо со емишот што бил на дрвата.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Најнови вести: постојат универзуми во кои се случува најдоброто од сите оние можни линии на светови, но само во некоја фикција внатре во тој универзум: во телевизиски филм, можеби, во театарска драма, или роман или кус расказ.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Иако внатре во современите сфаќања за правото сè повеќе правна заштита се доделува на природата и, посебно, на животните, јасно е дека човечкиот субјект сè уште е сфатен како доминантен носител на правото.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Нишан
(поделено јас)
Договор е јаболко да не клаваме
во разговорот - кутија отворена:
раздорот, пан-доратот
на мегдан сам ќе дојде
во ситен кас, ненасит
јаболкото е за по дома
уште повнатре
за интимни дела
(пред употребата добро да се одмери)
уште повнатре
во умот без него
-една глава сто ума-
расцеп на личноста, пизма без име
како јас-бол, како разроко јас
поделено јаболко: поделено ти
камен-меѓник (кај и да погледнеш!)
во мојата нива коренот
во твојата плодот
а сенката паѓа на сите страни
на светот, АДАМ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Црн лебед
„Признајте:
имате чувство на нелагодност
кога ќе ме здогледате
необичен, што од убост, што од суета
од таа метафизика на спиралата
нотниот клуч, змијата
- мене, бесрамно бел
- порив кон сакралното
неутешна жед за созерцание - езеро
милиони години сѐ тука, сѐ внатре
во времето, неизглаголена глоса
искубан крик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Само настојувам да разберам дека потрошувачката слобода е така поставена внатре во индивидуалниот и општествен живот што тој веќе не може да се избори против зависноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Слободата се заплетка во мрежата на зависноста: вие станувате послободни со купувањето на повеќе експертски услуги и станувате зависни од нив. Дотолку слободата ја зголемува зависноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уште како дете, насетуваше дека зад границите надвор и внатре во човекот, ако ги минеш, чекаат можности.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Никому не му е грижа за тоа како е создадена полумесечината што никнала од вратот на човекот, туку што се има случено со вистинската глава на човекот кој прифатил да си игра дојденец од месечината?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Работа. Какаја работа! Со билет купен за половина динар ќе влезеш внатре во колата и дури таму ќе откриеш дека луѓето не ги итересира изгледот на човекот паднат од месецот туку начинот на кој е создадена таа скривалка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но краците на она внатре , на медузестото мноштво го опфаќаат, го впиваат, го враќаат внатре во безобличието.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Секогаш ќе постојат работи, мешавина од емоции во блескавите од солзи очи кои нема да може да ги искажеме со зборови, а внатре во душата ќе не притискаат чувства кои ни малку не се проѕирни, тие се длабоки, но далечни, а на усните ќе ни се забележува топол бран од слатки воздишки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Срцево ќе ми препукнеше од горка тага, тие зборови болеа, го парализираа секој атом од моето телесно постоење, сетилата како вакум го задушија тоа што беше внатре во душава и го замрзнаа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И се што се случуваше со мене од тогаш, убиваше полека, гребеше, сечеше и го отуѓуваше тоа што бев јас, тоа што го дефинираше моето битие и мојот лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Понатаму, границите се механизми на државна контрола – како на оние што се внатре во нив така и на оние што се надвор.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Освен тоа, ’frontier’ интегрира (затоа што им дозволува на аутсајдерите да се адаптираат на моделите на однесување на таа држава, а на луѓето внатре во државата им овозможува уредна транзиција 4 Ibid., p. 216. 5 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 45. 14 кон местата и луѓето надвор од границата), додека ’boundary’ по својата природа одвојува (затоа што постои заради раздвојување на населението и политичките тела, за правење разлика помеѓу инсајдерите и аутсајдерите, за контрола наместо за интеракција).6 1.2 Функции на границите Етимолошки, границата има цврсти корени во земјата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Меле внатре во својот казан жешко, мисли навираат, животот оди, луѓето спијат, несвесни, патокази собираат кои никаде не водат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Да можете да ми ѕирнете внатре во главава, ќе се уплашите.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Првата, сукцесијата, е најжива тогаш кога (како во пресеците на Мортон Фелдман) не е утврдена, туку е претставена во обликот на ситуацијата, каде влегувањата се одигруваат во било која точка внатре во дадениот временски период.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Преку инсталации можам да ги вовлечам гледачите внатре во мојата приказна, да ги приморам при влегувањето во просторот да ги изгубат сите критериуми што ги имале претходно, за да го заробам нивното внимание дури и пред да дојдам до најдобрата точка.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А. Денет: Како дојдовте на идеја да одите во Кина, Џемс Бирч ли ви го сугерираше тоа?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И. К.: Токму тоа ние се прашуваме толку многу години.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И. К.: Тоа е многу важно, и е многу суптилна забелешка којашто се надевам можам да ја комуницирам толку добро како што вие ја забележавте.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И. К.: Вашето прашање е воедно и одговор.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ф. Б.: Едно од најјаките доживувања што ги предизвика вашето дело е „отсуството на некој“ внатре во инсталацијата.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во еден момент, уметникот стана карактер, играјќи улога внатре во својата сопствена уметност.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тие се алармирани, бидејќи нашите се толку стварни.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Посубверзивни сме внатре во основниот формат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Активирањето на таканаречената десна мозочна хемисфера ги елиминира последните табуа околу разбирањето на Хаосот и обезбедува практична основа за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 31 филозофијата на хуманизмот - поттикнувајќи нѐ да се здружиме со другите за да создадеме наши сопствени верзии на Хаос. ...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ХУМАНИЗАМ: НАВИГАЦИОНЕН ПЛАН НА ИГРАТА Теоријата на хаос ни овозможува да ја вреднуваме нашата задача: разбирање, уживање и славење на волшебната природа на целиот универзум - вклучувајќи ги тотално лудите парадокси внатре во нашите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ си мислам дека треба да се случило нешто внатре во семејството во кое мракот беше голем и стануваше сè погуст...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)