внатре (прил.) - бев (гл.)

Тогај вратата се отвори, излезе едно дете со бела, извалкана блуза и го покани: - Тука е! Тука е! Внатре беше темно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Добар ден, Гоце! И добро ни дојде! - одговорија сите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Жената се врати... Внатре беа членовите на Месниот скопски комитет.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Одајата внатре беше преполна со луѓе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Внатре беше како згустено тесто. Владееше тотална темница, која само на мигови се разбиваше со црвеникави, темно-црвеникави рефлекторски светла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Внатре бев само јас, ни станат, ни прилегнат, ни замижан, ни ококорен, ни болен, ни здрав.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А потем слушнав плач женски, и зборови неколку неповрзани, и според говорот, знаев: внатре беше ќерката на логотетот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми ја отвори вратата (беше облечена во евтини источногермански фармерки и кошула; внатре беше и сестра ѝ, Светлана); „Добредојде во циркусот“, рече на лош англиски.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Направија скали само од луѓе, најзгора можеше само еден да се појави, та на одбраната и беше лесно да се справи со нив бидејќи и внатре беа малку луѓе засолнати и вооружени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука се најде и една копија од евангелието, а за сѐ да биде тотално перверзно, внатре беше и молбата за пари на словенечкиот рапер Али Ен!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)