Што е најважно, знам дека тајните што јас ги открив одамна на светот ќе му беа познати и тој веќе ќе чекореше по други поубави патишта ако не беа лошите луѓе кои тоа го оневозможуваат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Пред вратата од меаната веќе ќе го чекаше Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На Агна, само на Агна можам да ѝ довикнам: Агна, не доцни веќе со доаѓањето, зашто зравје и радост веќе ќе немаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сè уште ќе бидат прескапи за да ги имате дома, но многу луѓе веќе ќе бидат во можност да ги пробаат, да ги доживеат низ различните институции и низ работата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Децата сѐ уште не се будали, но ние веќе ќе ги преобратиме во малоумници какви што сме и самите, со високи коефициенти на интелигенција, ако е можно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога еднаш веќе ќе тргнеш по навика, каде ќе те однесе тоа?...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Потоа доаѓаа на ред јаболката, а на крајот, на истекот од зимата, кога сѐ веќе ќе се дојадеше, доаѓаа на ред дивите јаболчиња, киселиците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да беа уште в село, веќе ќе изродеа дузина деца и таа ќе одеше в црква со дукати на челото, а тој ќе вртеше бројници средсело.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А зошто не и за тебе? Затоа што јас тогаш веќе ќе бидам мртов.”)
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако бев едно од оние суштества со кратко паметење веројатно веќе ќе сметав дека детето е од мојата крв.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби токму оттука, од ваквото разбирање на разногласијата што се надвикуваа во мене, беше поттикнато и она мое решение што сосема неочекувано му го соопштив на Ивана: дека можеби најумно ќе биде и јас да дојдам со него до градот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив дури дека ќе бев среќен да знаев оти некој млад и онолку срчен колку Иван, се има упатено да ме бара.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се наведнав и нацртав на влажната земја авион, а на едното негово крило го нацртав за спомен Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Таму веќе ќе најдеме како да ја исплашиме.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тој молчеше. Потоа реков: „Јас немам право да го барам тоа, но сепак – кој сѐ е на списокот со твои блиски луѓе кои треба да ги спасиш?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„И да се вратите, нас веќе ќе нѐ нема.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Сеедно, некој веќе ќе му ја скрши главата.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Мал бев, сега сум млад.“ „Болен си“, отстапи жената. „Кога лежеше не сонуваше крв.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Е, сега веќе ќе ми заличи куќава со невевчето. (Од далеку, а постепено сѐ поблиску се слуша свирење на чалгија и пеење на песната): Затропале тапаните Да ми одат по невестата, (Румба, румба, румба, ба, рефрен (Лиду, лиду, лиду, ду.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А после веќе ќе биде друго, дали Антица при мајка и; или мајка и дома ти, некако тие ќе си прават како што ќе им е згодно.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А кога веќе ќе ги изгориш, лесно душата ќе им ја земеш.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ниту пак веќе ќе ја чувствувате свежината на потокот: единствено ангелите ќе ве измијат на Воскресение.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И сепак кога веќе ќе го затворам дневников, зашто жена или се мажи или пишува дневник, двете работи не одат заедно – сега веќе не сакам да излезам од него без да го кажам ова со радост од надеж, со надеж од радост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ѕидот пораснал уште повеќе, па младата жена продолжила: „Збогум, раце мои малечки, што се пружавте низ телото, вие веќе нема да приготвувате храна, ниту волна ќе предете, ниту пак ќе се составувате околу вратот на саканиот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И ќе биде победата на кралицата над таа подмолна приврзаност, тоа недолично и безгласно обземање.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А, да го вдишевте ова што го вдишувам моментално, веќе ќе лежевте на подот додека јас би освојувал планини. 20.30 Одам до огледалото и ги гледам зениците кои се мали како врвови на игли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не знам како да го речам тоа, пајаците и понатаму премногу касаа, во првиот момент не бев ниту нечесен, едноставно ја следев а после можеби мислев дека ете веќе ќе прифатам, дека ќе ја пуштам да отиде во било која насока таму горе; среде скалите сфатив дека не, никако, подобро да се убијам ако го прекршам законот, кодексот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Издишувам. 20.25 Чувствувам вртоглавица, но веројатно би ја чувствувале и вие кога би вдишувале и издишувале вака.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наместо со Освалд да се послужев со светлосните години, веќе ќе имавме внучиња; но кога се сака долго и слатко, кога постои стремежот да се дојде до крајот на едно долго чекање, пологично е да се одберат полжавските години.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Власта има долги раце. Ќе ги подаде и веќе ќе те зграпчи за гуша. Навистина, суд. Ништо друго.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Еми баш то и сакам да кажам: оти јас да учам некого прво да го засаквам, а во исто време веќе ќе треба да се грижам за него, да минувам денови и денови со него, да делам сѐ по ред...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Да е тука Добра или Чана веќе ќе знаеше што ѝ е, ама таа оставена е самата на себе не оти нема до кого да појде, ене ја Танаскоица, а има и други жени.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дури сега стануваме свесни дека еден од нас ( може и двајца) веќе ќе беше мртов!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А јас веќе ќе си тргнам...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кога веќе ќе крши глава во невратилово, тогаш ќе се бара чаре. А до тогаш ...“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како вчера се сеќам кога а лаже Митра. Ииим бреј, да се не види, кога поминаа вие пусти години. Ете ошче троа и веќе ќе обелејме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И затоа, дури Нешка и Доста се радуваа на својата среќа, Илко го канеше Шпира да си макне од тепсијата и му велеше: — Ваа веќе ќе а заведиш, шо ќе а заведиш, токо ајде, гледај па да доведиш некоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Гласно рече: „Да ви беа празни џебовите, веќе ќе ви покажев.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Проклет поп, ги стисна забите. Еднаш веќе ќе ме запаметиш.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако работеше во ова бифе неговата секретарка Јованка, трудејќи се да го расположи, сигурно веќе ќе го прашаше со што би можела да го послужи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А кога ќе погледнеме подобро можеби веќе ќе биде доцна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ние сме многу подобри од тоа што мислиме дека сме и ако мапата на нашата душа, не се согласува со мапата на животот што го живееме ќе мора да ја промениме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Александар: Воопшто не е тешко да се јава ова суштество свето само до гривата негова да се дофатам, трката ќе бхиде добиена, во победи ќе го поведам и светот веќе ќе биде освоен!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
„Не мило, кога ќе се вратиш, дедо веќе ќе ближи накај дома!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога ќе го примите ова писмо, јас веќе ќе бидам на брегот на Медитеранот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. (Го зема Божо за рака. Го води до големо огледало.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ќе прашаа само како сме, дали сме здрави и живи и веќе ќе се чуеше оној омразен сигнал што го означува крајот на разговорот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ќе го земеше оттаму пагурчето со ракија и ќе седнеше крај софрата на која мајка ми веќе ќе го имаше поставено кафето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)