веќе (прил.) - убаво (прил.)

Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пролетта веќе убаво зачекори и во нашата градина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
2. Додека ѕидарите, мајстор Хусеин и мајстор Абдула, го редеа скелето за минарето и патем се препираа за неговата височина, ибн Бајко веќе убаво се смести во чифликот на село Бразда, што му беше доделен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бимбашијата јавно ја насочи војската кон селцето и Толе го виде обрачот од трите страни, бидејќи веќе убаво се раздени, та дури и сонцето огреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа се врати во колибата по патеката што веќе убаво беше завеана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)