веќе (прил.) - толку (прил.)

Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Компјутерската обработка и преработка на фотографии и видеоснимки е веќе толку развиена, што не може да се утврди дали снимките биле ретуширани или не, а тоа буди сомневања во врска со автентичноста на доказните фотографии и објективноста на фоторепортажите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Токму тоа е клуч на успехот на американската MTV, којашто е веќе толку влијателна институција што дури може да си дозволи антирекламни спотови (this music is disgusting, obnoxious, angry, loud - that’s why we play it) и кусите арт секвенци на училиштето за уметност од Лос Ангелес (Los An- geles Art School).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сум веќе толку отпорна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тука Петре од името на Организацијата го ополномошти Толета за мариовски војвода преку река старо Мариово и за секретар му го даде баш оној Крстета Гермов — Шаќира, што го кандиса да му се предаде. Не ги заколна Петре овие јунаци, бидејќи знаеше дека се веќе толку пати преку крв крстени и заколнати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ТОЛЕ ВОЈВОДА
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
(кога веќе толку пееме странски песни, нека бидат мексикански, иако некои од нив многу се жални, речиси како нашите, како оние што пееле за Миле Поп Јорданов додека оделе по велешките сокаци)
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Јас не го правам тоа од што толку многу ми се приспива, туку затоа што веќе толку многу веќе немам што да правам, што тоа ми е единствениот начин да ја избегнам неподносливоста на депресивноста и нејзината болна здодевност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако мислев на тие приказни не ќе имаше потреба да се живеат нашите животи и да се создаваат нови приказни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, кога веќе толку многу инсистирам на приказните, не мислев на оние што некогаш и негде животот ги напишал со помош на луѓе што ги немаме никогаш сретнато; не мислам ни на оние приказни што животот секој час ги создава користејќи притоа други личности и туѓи желби и спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но има многу луѓе, а некои од нив се жени, кои не го делат тоа мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, сосема е во согласност со логиката и со имплицитната политика на машките геј-културни практики да се смета дека никому природно и автоматски не му следува право на такво достоинство и дека е нечесно да се бара општествена повластеност на туѓа сметка во свет во кој некои луѓе се дисквалификуваат од сериозна размисла поради нивната општествена обележаност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А јас пораснав и не бев веќе толку страмежливо дете.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Санката почнува да се лизга сѐ потивко и потивко, фучењето на ветрот и на лизгањето не се веќе толку страшни, здивот веќе не застанува во градите и ние најпосле сме долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку подоцна таа доаѓа на себеси и веќе со прашање ми се загледува во очите: јас ли ги кажав овие четири збора, или пак само така ѝ се сторило од виорот на ветрот сред шума?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По твојата смрт, не се плашев веќе толку за себеси.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Можеби е залудно, и Барбашин не е веќе толку страшен; гледате, дури испадна во рима.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не ми се прибираше баш, бидејќи не бевме веќе толку гладни...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бевме претпазливи, си носевме за јадење, крадевме од кујната пред излегување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бев пропаднал уште подлабоко во окопот... Бев заглавен до бедемот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еве еден тапак кој фаќа кривини во темницата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гноеше многу, ама не беше веќе толку надуен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Немаш веќе толку сила. Што мислиш зошто те намамив да патуваш толку брзо?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Следниот ден некој му заѕвони на вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде! - викнаа во ист глас Бистра и Миле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се налутив. - Добро Мони, не е фер, - собрав храброст да ѝ кажам, ама тивко за да не чуе Јасмина, - нели јас те чекам веќе толку време да се симнеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Поради тоа се научи да не реагира веќе толку бурно на реченицата „студениот фронт ќе се придвижи кон исток“ туку ги отвораше очите и мирно чекаше да заврши прогнозата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)