веќе (прил.) - речиси (прил.)

Понекогаш е доволна снажна интуитивност, навестување, екстатичност... малце интелектуалност и многу магичност. • Господине Станковски, веќе речиси пет години прилично интензивно се бавите со филм.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не сликате веќе речиси две години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас веќе речиси добро знаев што би било тоа од што тој се плашеше да не му избега.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку убави, колку вредни за радување се чинеа тие веќе речиси достижни нешта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и затоа воопшто не ме исплаши оној дел од неговиот предлог во кој можеше да се насети присуството и на мало сомнение.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Поради тоа, тој од работата што ја вршеше не го извлече задоволството со кое очекуваше да биде вознаграден и, исто така, пак неочекувано наиде на тој проклет знак што сега веќе речиси исцрпувачки го нервираше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога се дозна дека партијата подготвува специјални мерки против козите, имаше опасност меѓу луѓето да започнат старите, веќе речиси заборавени караници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ама мама ме тегнеше за ракавот, веќе речиси немаше луѓе во ложата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Или на што се качува, што би рекла Нора, што се прави еманципирана интелектуалка. 31 јануари Ќе одиме таму.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше веќе речиси пред прагот, кога една кола скршна од аголот и кон него впери сноп од светлина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)