веќе (прил.) - порано (прил.)

Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Англискиот хроничар Matthaeus Parisiensis којшто ја слушнал од еден ерменски патриарх веќе порано ја запишал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А тогаш еден друг, сосем различен глас, еден тенок, култивиран глас, за кој Винстон помисли дека го слушнал веќе порано, упадна: „И, патем речено, кога сме веќе кај тоа 'Еве една свеќа, да ти го осветли патот, еве еден џелат да ти го скине вратот'.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се плашам да напишам што и да е, зашто се покажа дека мојот живот како да врви по моите веќе порано напишани редови и по моите напишани стихови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)