веќе (прил.) - никогаш (прил.)

Грета: Тој е смрдлив и лош вештер!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бабата (Со дланка ѝ ги покрива усните): Не сакам веќе никогаш тоа да го чујам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стоев дури удри дожд. Потоа заминав, а тие останаа загледани од округлите сликички кладени на крстовите, кон воденото пространство, кон морските патишта по кои дошле и по кои, веќе никогаш, нема да се вратат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наша задача е на германскиот дух во нас да му дозволиме да стане толку моќен што ваквите нешта веќе никогаш да не можат да се насоберат...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Свадбата стана веднаш и тие си заминаа за да не се вратат веќе никогаш во овој град.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се надевам дека веќе никогаш не ќе треба ова да ви го зборувам...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нѐ сними момчето седнати во истото бистро во кое некогаш тука седел и Пол Фо и не забележавме колку невино и безгрижно се населивме на фотографијата од која веќе никогаш нема да излеземе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаеше колку ми е мака дека сум низок.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Колку и да мудруваш, не стануваш повисок!“ најбезобразно ме предизвикуваше Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Тогаш рече - веќе никогаш нема да се тепаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А можеби веќе никогаш во животот нема да се сретнеме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свртете ја славината уште малку и таа веќе никогаш нема да се врати во стабилен ритам; таа станува хаотична.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веднаш ќе си се врати во Ресен и веќе никогаш нема негова нога да пречекори во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко, сепак, на крајот, се вратил на Балканот не исполнувајќи го веќе никогаш мајкиниот вечен сон.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Скокнав на нозе малку посрамотен зашто верував дека Роско веќе никогаш нема да го видам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Ав, ав, - рече Роско. - ... Како папагал без крилја?...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој постоја малку зачуден, со отворена уста; потоа полека појде да не се врати веќе никогаш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И веќе никогаш никој не ќе знае каде е средето на светот, папокот на светот, и што пишувало во кобната книга што толку несреќи ни донесе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Моето тело гореше како што може да гори телото на еден седумнаесетгодишен младич, и како што, за жал, веќе никогаш понатаму во животот не копнее по друго тело.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Таков случај нема веќе никогаш да ни се даде“ - со болка во душата повторувал К. Кирков82.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Навистина, можев да им завидувам на сите други деца во класот и знаев дека веќе никогаш нема да ја имам нивната безгрижна смеа и веселост.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едно стануваше јасно и посигурно од сѐ - мама веќе никогаш нема да се врати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислев дека и татко ми нема веќе никогаш да можам да го сакам онака како порано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По оној пат кај него, тој веќе никогаш не побара таа да му гледа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Кога ќе излезам од мочанава земја, јас не се враќам веќе никогаш!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш, вртејќи му го грбот на Ефес по трите години минати таму, знаеше дека веќе никогаш нема да се врати.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се сеќаваше на утехата во нежниот допир на нејзината рака по брадата која оттогаш веќе никогаш не ја остави да порасне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оној веќе никогаш не се врати на нивното градилиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одиме таму, ама нема да биде како што си мислев вечерта на концертот. (Го пишувам ова и доста со дневников, за мое добро).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но нема да го напишам, веќе никогаш нема да го напишам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се распаѓам на парченца, ми се чини дека веќе никогаш нема да се соберам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- О, кутрото човече што си мислеше многу високо летнало, - рече Кејтен со горчлива насмевка, - ете, сега тој пропаѓа во темна бездна од која веќе никогаш нема да излезе.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го немаше со денови, со месеци, понекогаш помислувавме дека веќе никогаш нема да се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не сакам за ова веќе ништо да чујам! Ти него веќе никогаш нема да го видиш!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ќе ја напуштам оваа ќелија. Никогаш веќе нема да ме сретнеш, нема да бидеме веќе никогаш заедно,“ ѝ велев и со испружени раце ја барав низ собата, внимавајќи да не се сплеткам меѓу огледалата кои се движеа и постојано се вртеа кон мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кажи, тоа го мислиш?“ „Тоа. Зашто таа веќе никогаш нема да забремени.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш веќе никогаш не ќе можеме да ја погледнеме Венера.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неговото особено сетило веќе никогаш не се врати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога следното утро се разбудил, знаел дека веќе никогаш не ќе лета во темница: неговото чувствително ноќно сетило исчезнало.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не, подобро е да мислиш дека веќе десет години не е жив и дека не ќе го видиш веќе никогаш. Тоа не боли толку.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Почувствува дека веќе никогаш нема да стаса во некој друг град.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Владееше некоја сеопшта премолчана доверба, опуштеност на луѓето навикнати на мир, сосема сигурни дека веќе никогаш не ќе има проблеми.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Веќе никогаш нема да пристигне вселенски брод“, се расправаше самиот со себе. „Престар сум. Предоцна е.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Едната за времето што никогаш нема да се врати за да и кажам колку ја сакам, а другата за љубовта што веќе никогаш нема да ја почувствувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојава душа не ја дочека смрта, зошто умре долго пред неа, во таа студена зимска ноќ заедно со мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
КРИСТИНА: (Се гледа себеси.) Веќе никогаш не ќе можам да играм. Види на што личам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Ќе пукне федерот па веќе никогаш не ќе проработи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Решив: до крајот на животот веќе никогаш да не им верувам на нејзините ветувања. Ѝ се налутив толку многу што посакав да си заминам од дома...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сè ќе ти стане јасно и веќе никогаш нема да прашуваш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Си ветив себеси: кога ќе се врати нема веќе никогаш да го нервирам и ќе му бидам најдобрата и најпо-слушната сестра на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А оној Мартин „ди Каприо”, што ќе кажеш за него, срце мое? – се осмелив да го прашам. – Ако веќе никогаш не го видам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнав да ги жалам тие што немаат браќа и сестри, а најмногу ми беше жал за мене самата, го имам, а не е тука. Каква тага!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ми се допаѓа, ти тоа најдобро го знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Инаку да знаеш моите роднини секогаш ќе бидат дел од мојот живот, тие ми се крв, ама ти веќе никогаш нема да имаш место во него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)