веќе (прил.) - никако (прил.)

Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој веќе никако не можеше да ги совладува нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, сега тој веќе никако не можеше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или „не ми ти може мајка ти поинаку – многу ми те сака“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
В. Х. Оден успеал засекогаш да го растури најпрочуениот стих на Стивен Спендер токму со таква кампска субверзија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стихот „Везден мислам на тие што вистина биле големи“ веќе никако не може да се сфати сериозно кога првото лице во стихот ќе се лиши од величието и од патосот ако се преправи во домашна дива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Мајка ти везден ми ти мисли на тие што вистина биле големи“ го разобличува еднаш засекогаш сето поетско „Јас“ на Спендер како поза, како мелодраматична изведба.318 Мелодрамата, знаеме, е категорија што обично се применува за туѓото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Акакиј Акакиевич веќе беше почнал да се извинува, но сите почнаа да зборуваат дека е неучтиво, дека е просто срамно, и тој веќе никако не можеше да се откаже.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)