веќе (прил.) - никаде (прил.)

Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Само тие имаа доволно сила под полно име и презиме да го прифатат ризикот на соочување со непријателската јавност која во нив гледаше предавници и злосторници, соочување со заканите на бившите колеги агенти и најпосле со сопствената вина од која веќе никаде не може да се бега.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Петре Бакевски Петтиот христијански собор, 553, во Константинопол, го осудил и му фрлил анатема на Македониј, монах од Лихнида, поради самогласките во неговите зборови кои испуштале долги воздишки.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но уште понеобично е тоа што оттогаш наполно престанало појавувањето на чиновникот-мртовец; очигледно, генераловиот шинел сосема му дошол по мерка; во најмала рака, веќе никаде не можело да се чуе некој некому да му грабнува шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)